Заштита на податоци

   

Во однос на обработката на податоците од страна на ИнфоПро (InfoPro) партнерот во проектот задолжен на веб-страницата и податоците содржани во неа, проектот „ICF-Plan“ строго  ги почитува одредбите од Општата регулатива за заштита на податоци (англ. General Data Protection Regulation - GDPR) и австрискиот Закон за заштита на податоците (DSG).

Довербата ни е важна, особено кога станува збор за Вашите податоци. Затоа сметаме дека е наша обврска најгрижливо да управуваме со нив и да сториме сé што е можно да ги заштитиме Вашите информации од било каква злоупотреба. Ние строго се придржуваме кон прописите за заштита на податоците при собирање и обработка на Вашите податоци.

Следниве информации даваат детално објаснување за тоа кои податоци се евидентирани за време на вашата посета на нашата веб-страница и како ги користиме. Оваа Изјава за заштита на податоците се применува на веб-страницата: https://icf-plan.eu и сите мрежни (Интернет) алатки кои ги нуди оваа страница.

Некои страници може да содржат линкови до веб-страници што ги одржуваат други страни кои прават обработка на податоци и на нив не се однесува Изјавата за заштита на податоците. Ова значи дека не можеме да прифатиме никаква одговорност за нивната  содржина. Ние внимателно ги избираме содржините со кои се поврзуваме, но ако наидете на погрешен линк, Ве молиме да нè информирате и ние веднаш ќе го отстраниме или ќе го ажурираме.

 

 

1. Назив на одговорната институција

Лице одговорно за обработката на податоците:
 
Di Wilhelm Stadler InfoPro
Mühlgasse 39 / 10
8020 Graz
Austria
 

2. Контакт со одговорната институција

DI Wilhelm Stadler, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
 

3. Цел на собирањето, обработката и користењето на податоците

Ние ги обработуваме Вашите лични податоци во согласност со прописите за заштита на податоците за да се исполнат договорните обврски (член 6, став 1б од Општата регулатива за заштита на податоци): Неопходно е да ги обработуваме Вашите податоци (лични податоци, член 4, бр. 2 од Општата регулатива за заштита на податоци) со цел да вршиме трансакции со Вас и да обезбедиме персонализирани онлајн услуги, во согласност со Вашето барање при регистрација како корисник на нашата веб-страница.
 

4. Правна основа

Вашите податоци ги обработуваме врз основа на Вашата изјава за согласност (член 6, став 1а од Општата регулатива за заштита на податоци): ако сте ни дале  согласност за обработка на Вашите лични податоци, секоја обработка ќе се одвива само во согласност со целите наведени во изјавата за согласност и до степенот кој е договорен таму. Откако ќе биде дадена, дозволата може да се отповика во секое време со ефект за во иднина.

 

5. Категории на засегнати лица: 

Ние ги обработуваме личните податоци на лицата од следниве категории:
  • Партнери во проектот
  • Клиенти
  • Заинтересирани лица

 

6. Категории на лични податоци: 

Ние ги обработуваме следниве категории на лични податоци:
  • Податоци за контакт (име и презиме, е-мејл адреса)

 

7. Приматели или категории на приматели со кои податоците би можеле да бидат споделени

Во рамките на ИнфоПро (InfoPro) Вашите податоци ги добиваат одделенијата или вработените на кои им се потребни за да можат да се исполнат на договорните обврски според Вашето барање. Дополнително, изведувачите кои ги назначуваме ние (особено давателите на ИТ услуги) ги добиваат Вашите податоци само колку што им е потребно за исполнување на нивните обврски. Сите изведувачи, пак, се договорно обврзани да ги третираат Вашите податоци како доверливи и да ги обработуваат само во рамките на услугата.

 

8. Временски ограничувања за бришење на податоци

Вашите податоци ги чуваме за целото времетраење на деловниот однос според Вашето барање (користење на персонализираните онлајн алатки).

 

9. Засегнатите права на лицата

Во секое време имате право:
  • да побарате информации, известување, бришење или ограничување на обработката на Вашите зачувани податоци;
  • да приговорите на обработка на Вашите податоци;
  • на преносливост на податоци во согласност со барањата на законот за заштита на податоци.

Секое барање поврзано со оваа тема Ве молиме да го испратете до одговорното лице за обработката на податоците, назначено во точката 2.

Можете да поднесете и било какви поплаки до Австриското тело за заштита на податоци (DSB): www.dsb.gv.at

 

10. Дали сте обврзани да дадете податоци

Обврзани сте да ги дадете оние лични податоци кои се неопходни за започнување и имплементација на нашиот деловен однос, т.е. да ви понудиме персонализирани онлајн алатки. Доколку не сакате да ни дадете податоци, ова вообичаено значи дека ние мора да одбиеме да го исполниме барањето. Меѓутоа, не сте обврзани да дадете согласност за обработката на таквите податоци што не се релевантни за спроведување на договорот или не е законски или регулаторно потребно.

 

11. Заштита на податоците

Безбедноста на Вашите податоци е од голема важност за нас. Нашата цел е да ги преземеме сите технички и организациски мерки неопходни за да обезбедиме сигурност при обработката на податоците и да ги обработуваме Вашите лични податоци на таков начин што се заштитени од пристап од страна на неовластени трети страни. Нашата ИТ инфраструктура го користи најновиот безбедносен софтвер и ги исполнува меѓународните безбедносни стандарди. Пристапот до Вашите податоци е дозволен само за мал број луѓе со највисока безбедносна дозвола на кои им е доверено техничко или уредничко одржување на услугите.
 

12. Хипер-врски (линкови) на надворешни веб-страници

Нашата веб-страница содржи хипер-линкови кон веб-страници што ги користат други провајдери. Со активирање на овие хиперлинкови, ќе бидете префрлени директно од нашата веб-страница на веб-страницата на другиот оператор. Ова може да го препознаете, на пример, со промената во адресата (URL-то). Ние не можеме да прифатиме никаква одговорност за доверлив третман на вашите податоци на овие веб-страници од страна на трети лица, бидејќи немаме влијание врз усогласеноста на овие компании со прописите за заштита на податоците. Ве молиме да ги погледнете веб-страниците на овие компании за информации во врска со тоа како тие ги третитраат Вашите лични податоци.
 

13.Употреба на Matomo

Нашата веб-локација користи Matomo, локално инсталирана услуга за веб-аналитика за да ни овозможи да го анализираме користењето на веб-локацијата. Ќе се направат анонимизирани анализи и графики за бројот на посети, бројот на страници до кои се пристапува по корисник итн. Ние ги користиме само за контролни цели и за дизајнирање на нашите веб-локации за да бидат оптимизирани и да ја задоволат побарувачката. Информациите генерирани од Matomo за користењето на оваа веб-локација  се складираат само на серверите на InfoPro и не се споделуваат со трети страни.

 

14. Употреба на „колачиња“ (cookies)

Нашата веб-страница користи т.н. "колачиња" (англ. cookies) со цел да ја направиме нашата понуда поедноставна и ефективна. Колачињата се мали текстуални датотеки што се зачувуваат на Вашиот компјутер и од Вашиот пребарувач. Со нив ние не собираме никакви лични податоци. Можете или да ги блокирате колачињата за да не се зачувуваат во Вашиот прелистувач или да активирате да Ви се појавува известување секогаш кога се испраќаат колачиња. Ако не користите колачиња, Вашето користење на нашата веб-страница може да биде попречено.
 

15. Складирање на податоци за пристап

Податоците за пристап се зачувуваат секогаш кога се бара датотека од нашите веб-страници. Секој збир на податоци се состои од: IP адресата, претходната страница (доколку е обезбедена од страна на пребарувачот), името на датотеката, датум и време, обемот на податоците кои се пренесени, статусот на пристап, типот на пребарувачот. Ние ги анализираме податоците исклучиво за статистички цели. Тие не се пренесуваат на трети лица, дури и во екстрахирана форма. Овие податоци не можат да се припишат на одредени лица. Податоците не се комбинираат со други извори на податоци. Го задржуваме правото да ги ревидираме овие податоци последователно ако постојат конкретни докази за незаконско користење.
 

16. SSL енкрипција

 Заради безбедност и да го заштитиме трансферот на доверливи содржини, како што се барањата/прашањата што ни ги испраќате, нашите веб-страници користат SSL-шифрирање. Можете да идентификувате шифрирана врска по адресите на страниците, кои ќе се променат од „http: //“ во „https: //“ и по симболот за заклучување (катанче) во линијата на Вашиот Интернет-пребарувач. Ако SSL енкрипцијата е активирана, податоците што ќе ни ги испратите не можат да ги прочитаат трети лица користејќи ја технологијата која во моментов е достапна.  
 

17. Комуникација по електронска пошта (е-мејл)

Ве молиме да имате предвид дека преносот на податоци на Интернет (на пример, комуникација преку е-пошта) може да биде предмет на безбедносни пропусти. Не е можно целосно да ги заштитите Вашите податоци од пристапот на трети страни. Вашите пораки ќе ни бидат пренесени без дополнителни техники за шифрирање. Затоа, на сите испратени информации потенцијално би можеле да им пристапат трети лица за време на преносот. Од безбедносни причини, не треба да праќате лозинки, броеви на кредитни картички или други информации кои сакате да ги чувате во тајност.

 
© 2022, InfoPro