ОПШТИНА ЦЕНТАР - СКОПЈЕ
Општина Центар е формирана во 1976 година и е една од десетте општини во Скопје, главниот град на Република Северна Македонија. Општината е централно јадро на градот и државата, со 46.749 жители. Поради својата местоположба и важност, во оваа општина се наоѓаат најголем број институции во државата кои имаат административен, политички, образовен, културен и трговски, но и станбен карактер.
Законски надлежности на единицата на локална самоуправа:
-урбанистичко планирање и управување,
-заштита на животната средина,
-локален економски развој,
-комунални дејности,
-култура, спорт и рекреација,
-образование, социјална и детска заштита,
-здравствена превенција, превенција и заштита на граѓаните и материјалните добра.
Број на вработени во општина Центар: 115.
Општина Центар го реализираше проектот: „Граѓански сервисен центар во општина Центар“ во партнерство со НВО ОРТ-Тренинг за одржлив развој, финансиран од ЕУ Phare Програмата за локален развој. Проектните активности овозможуваат учество на граѓаните во процесот на одлучување. Исто така, општина Центар го реализираше проектот: ЕМАС во општина Центар, финансиран од Канцеларијата на РЕЦ Будимпешта, каде што беше формирана Шема за еколошка ревизија за подобрување на еколошките перформанси на општината.
Исто така, претставници од општината редовно се вклучени на меѓународни семинари и обуки, настани и конференции во повеќе држави во и вон ЕУ, кои се поврзани со локалниот развој, урбаната одржливост, управувањето со ризици, образованието итн. Општина Центар има надлежност за основно образование, преку осум општински основни училишта, кои се наоѓаат на нејзина територија. Во овие училишта своето основно образование го добиваат 4.730 ученици. Во општинските основни училишта во Општината се вработени 335 наставници и 22 стручни лица (педагог, психолог, дефектолог). Општината има работено на повеќе Еразмус + проекти, а има и долгогодишно искуство во наставни и воннаставни активности.
Општината има организирано повеќе обуки за наставниците од училиштата и имаме одлична соработка со стручните лица во училиштата. Општината исто така реализираше и беше вклучена во реализацијата на бројни проекти за подобрување на инклузивното образование, а се фокусира и на поддршка на имплементацијата на МКФ во образовниот сектор.
Вклучувањето на децата во образовните средини е многу важно за општина Центар. Во моментов се реализира проектот „Образование за сите“ со кој општината предвидува ангажирање лица како персонални асистенти на ученици со попреченост во осумте основни училишта во општината. Целта на овој проект е да се користат различни модули за поддршка на сите целни деца во повеќе насоки, и тоа:
-вклучување на децата со попреченост во образовниот систем;
-подобрување на нивната социјална интеграција;
-поддршка во совладувањето на едукативните содржини и
-олеснување на движењето и пристапот низ училишните простории.
Справувајќи се со инклузијата, општина Центар ја поддржува имплементацијата на МКФ во образовниот сектор, бидејќи МКФ нуди основа за соработка помеѓу различните засегнати страни во училиштата, а уште поважно нуди фокус на способностите на децата. Затоа, целта на општината е да се придвижи кон користење на МКФ и да ги мотивира училиштата кон креирање на индивидуални образовни и планови за поддршка, врз основа на МКФ и нејзиниот пристап ориентиран кон способности. Бидејќи општината е одговорна за училиштата на својата територија, како и за работата на училиштата, општината ќе може да ги вклучи сите училишта во овој проект, во смисла на пилотирање на добиените проектни резултати, но и во однос на вклучување и одржливо користење на резултатите од проектот во општинските основни училишта, исто така и по завршувањето на проектот.
The Municipality of Centar was formed in 1976 and it is one of the ten municipalities in Skopje, the capital of Republic of
Macedonia.
The Municipality is a central core of the city and the country, with 46,749 inhabitants. Because of its location and importance, the largest numbers of institutions in the country that have administrative, political, educational, cultural and commercial, but also residential character are located in this municipality.
Legal competencies: Urban planning and management, Environmental and natural protection, Local Economic Development, Communal Activities, Culture, Sport and
recreation, Education, Social and child care, Health prevention, Prevention and protection of citizens and material goods.
Number of employees: 115.
The Municipality of Centar has implemented the project: „Citizens Service Centre in Municipality of Centar“ in partnership with NGO ORT-Training for sustainable development, financed by EU Phare Program for Local Development. The project activities enable citizens participation in decision making process.
Also, Municipality of Centar has implemented the project: EMAS in Municipality of Centar, financed by REC Office Budapest, where Environmental Audit Scheme was established for
improvement of environmental performance of the Municipality.
Also, representatives from Municipality has participated on international training seminars, events and Conferences in Italy, Montenegro and Hungary, related to local development,
urban sustainability, risk management, Education etc. The Municipality of Centar has competence for primary education, through eight municipal primary schools, which are located on its territory. In these schools, 4,730 students receive their primary education.
The municipal primary schools in the Municipality employ 335 teachers. The municipality has worked on several Erasmus + projects, and also has many years of experience in teaching activities and activities outside of the school.
The municipality has organized several trainings for the teachers from the schools and we have excellent cooperation with the professionals in the schools. The Municipality has also implemented and was involved into the implementation of numerous projects on improvement of the inclusive education, and it is also focusing on supporting the implementation of ICF in the educational sector.
The inclusion of children in educational settings is very important for the Municipality of Center. Currently a project called “Education for All” is being implemented, with which the Municipality envisage hiring people as personal assistants for students with disabilities in the eight primary schools in the municipality. The goal of this project is to use different modules to support all target children in several directions, namely: inclusion of children with disabilities in the education system; improving their social integration; support in mastering the educational contents and facilitating the movement and access through the school premises.
Tackling inclusion, the Municipality of Center is supporting the implementation of ICF in the school sector, as the ICF offers a basis for cooperation between the different
stakeholders in the schools, and more importantly it offers focus on the abilities of the children. Therefore, the goal of the Municipality is to move toward the usage of ICF and motivate the schools toward creation of the individual educational and support plans, based on the ICF and its ability-oriented approach. As the Municipality is responsible for the schools on their territory, as well as for the work of the schools, the Municipality will be able to involve all the schools in this project, in terms of piloting the produced project results, but also in terms of mainstreaming and sustainable usage of the project results into the municipal schools, also after the project end.