Проектот „МКФ-план“ има за цел да обезбеди едноставна електронска алатка за планирање на поддршка на учениците со попреченост.  За своја основа алатката ја има Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) на Светската здравствена организација (СЗО), а е наменета за стручните лица во образованието (наставниците, специјалните едукатори и рехабилитатори, психолози, педагози и сл. Алатката се стреми да ги подобри можностите за учење на учениците со потешкотии во развојот преку воведување на МКФ како заеднички јазик во процесите на планирање поддршка во училиштата?

На кој начин ќе работи алатката?

 

Проектот им нуди можност на стручните лица да користат едноставен образец заснован на МКФ за креирање на анонимизирани индивидуални планови за поддршка.

 

Во овој процес, стручните лица ќе бидат поддржани од четири бесплатни алатки (помошни документи) кои ја следат основната структура на МКФ:

  1. Материјали за обука за соодветните здравствени домени на МКФ.
     
  2. Примери од најдобра практика земени од веќе достапни примери за користењето на МКФ, а кои се однесуваат на планирање за поддршката.
     
  3. Пакет со алатки со линкови до постоечки други проекти www.icfcy-meduse.eu , www.icf-school.eu  и www.icf-inclusion.net  кои се однесуваат на проценка на учество и планирање на цели за учество.
  4. Одговори на често поставувани прашања (ЧПП) од претходно практично искуство со МКФ.

 

Учество во проектот:

Доколку Вие и/или вашето училиште сакате да учествувате во проектот (на пример, да ги испробате производите/алатките на проектот), Ве молиме да нè контактирате:

проф. д-р Манфред Претис

office@sinn-evaluation.at

 

м-р Розита Петринска-Лабудовиќ

contact@ducationforall.org.mk