Образование за сите - Скопје (Education for All - Skopje)
Здружение за унапредување на образованието, културата и спортот ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ Скопје
Здружението за унапредување на образованието, културата и спортот „Образование за сите“ е доброволна, непрофитна, невладина и непартиска заедница на граѓани со седиште во општина Центар во Скопје. Нејзините членови работат со заеднички сили кон подобрување на образовната, културната и спортската клима во Република Северна Македонија и пошироко и даваат свој придонес за обезбедувањето на еднаков пристап до квалитетни образовни, културни и спортски активности за сите.
Главниот фокус на „Образование за сите“ е зголемување и подобрување на инклузијата на децата со попреченост во образовните и воспитните процеси. Во таа насока, Здружението работи на проекти финансирани од Европската комисија на темата инклузија и соработува со сите релевантни чинители во земјата од оваа област. Меѓу позначајните проекти на оваа тема се издвојуваат:
- Erasmus+ KA 2: Inclusion-Friendly Classroom: The ICF as a problem-solving tool for the team around the child in educational setting (2022-2024) - координатор
- Erasmus+ KA 2: Implementing the International Classification of Functioning (ICF). Improving training and quality assurance processes of trans-sectoral support for persons with disability (Implement ICF) (2022-2024) - координатор
- Erasmus+ KA 2: A Common Language for the First 1000 Days (2019-2021) – координатор
- Erasmus+ KA 2: A Common Language for School (2018-2021)
- Erasmus+ KA 3: Fostering social inclusion for all through artistic education: developing support for students with disabilities – INARTdis (2020-2023)
- Erasmus+ KA 2: Digital Inclusive Education: Leaving No One Behind in the Digital Era – DigIn (2021-2023)
- Erasmus+ KA 2: Project Naturalistic Instruction: Exploding and Transferring Evidence-Based Strategies for Early Childhood Inclusion Professionals (2022-2024).
м-р Розита Петринска-Лабудовиќ
е претседател на Здружението и член на неговиот извршниот одбор. Нејзиното професионално искуство од 20 години опфаќа држење настава како професор по англиски јазик како странски јазик во различни видови образовни институции, преведувачки услуги во својство на овластен судски преведувач, раководење со академска библиотека и управување со меѓународни проекти. Нејзините области на експертиза вклучуваат управување со проекти, образование, култура, подигнување на јавната свест.
www.linkedin.com/in/rozita-petrinska-labudović