Од 13. до 15.10.2022 година во Скопје во хотелот "Холидеј Ин" се одржа меѓународната научно-стручна конференција "Образование на лицата со попреченост - актуелни состојби и перспективи".
Конференцијата беше организирана од страна на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори од Република Северна Македонија, во соработка со Филозофскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Педагошкиот факултет – Тетово на Тетовскиот универзитет.
Собирот го отвори м-р Горан Петрушев, претседател на Сојузот, во својство на претставник на организаторот на настанот.
Во рамките на првиот работен ден учесниците на конференцијата имаа можност да го проследат пленарното излагање на д-р Манфред Претис, меѓународен експерт за МКФ, кој се осврна на користењето на МКФ како алатка за планирање и евалуација во инклузивните стратегии во училиштата.
На тема МКФ во инклузивна училница излагаше и м-р Катерина Тодорова, претставник на Универзитетскиот колеџ за образование на наставници Штаерска.