На 11.12.2023 во Домот на културата „Димитар Влахов“ во Општина Гази Баба, одржавме настан на темите инклузија во образовен контекст и МКФ за негувателите и воспитувачите од градинката „25 Мај“ од оваа општина. На настанот беше направено пилотирање на резултатите од проектот МКФ-план и резултатите беа одлични.
Настанот со свое излагање го збогати м-р Горан Петрушев, претседател на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори од РСМ и раководител на Службата за функционална проценка при ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.
 
Слика од настан во Скопје