Проектот „МКФ-план“ и неговите алатки беа претставени на Симпозиумот на тема „Ефекти од реформите во инклузивното образование во Република Серверна Македонија“ кој се одржа во Охрид од 11-ти до 13-ти ноември 2023, а чиј организатор беше Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори од Република Северна Македонија.

Пред присутните претставници на образовниот сектор, специјалната едукација и рехабилитација, Владата на РСМ, Бирото за развој на образование, УНИЦЕФ, Канцеларијата на Народниот правобранител и невладиниот сектор, беше претставен проектот и неговите алатки, со посебен осврт на Индивидуалниот образовен план (ИОП) заснован на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ).