На 30.08.2024 година, Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ организираше работилница во рамките на проектот МКФ-План со специјални едукатори.
На работилницата со наслов „Изработка на модифицирана наставна програма користејќи ја МКФ“ („МКФ-план“), м-р Горан Петрушев, претседател на Сојузот, поблиску ја објасни МКФ и целта на проектот „МКФ-План“, додека претставникот на „Образование за сите“ - Скопје, м-р Розита Петринска-Лабудовиќ, на учесниците им ги претстави продуктите на проектот. Во вториот дел, учесниците имаа можност практично да работат на изработка на модифицирана програма базирана на МКФ.