На 30.08.2024 година, Сојузот на специјални едуцатори и рехабилитатори на РСМ организираше работилница во рамките на проектот МКФ-План со специјални едукатори. На работилницата со наслов „Изработка на модифицирана наставна програма користејќи ја МКФ“ (МКФ-план), м-р Горан Петрушев, претседател на Сојузот, поблиску ја објасни МКФ и целта на проектот МКФ-План, додека претставникот на „Образование за сите“ - Скопје, м-р Розита Петринска-Лабудовиќ, на учесниците им ги претстави продуктите на проектот. Во вториот дел, учесниците имаа можност практично да работат на изработка на модифицирана програма базирана на МКФ.