Животна средина
- 1. Животна средина: Според мајката Кристина живее во куќа со родителите, брат кој е постар од неа и има 16 години, чичко, баба и дедо од татко. Куќата е со четири соби. Кристина спие со родителите. Во домот за Кристина има обезбедено храна, облека и витамини кои ги пие. Кристина користи очила. Според мајката во домот Кристина има пристап до интернет, телефон и телевизија. Од мајката се добива податок дека двајцата родители на Кристина се вработени.
Поддршка и односи: Кристина најголемата поддршка ја добива од мајка и. Исто така добива поддршка и од баба и од татко. Во моментов Кристина работи со специјалниот едукатор и рехабилитатор во училиштето, како и со психологот, кој според мајката во моментов седи со неа на часови. Според мајката на Кристина ѝ е потребна помош за совладување на наставниот материјал и поради тоа со неа на часовите седи училишниот психолог. Во училиштето за Кристина има изготвено индивидуален образовен план, по кој таа работи. Според мајка ѝ Кристина е добро прифатена од децата од одделението и соседството кои сакаат да играат со неа. Кристина има кучиња и мачиња во дворот од домот, за кои таа се грижи.
Ставови: Кристина доаѓа на проценка со мајка ѝ. Ставот на мајката е дека Кристина треба да добие образовен асистент кој ќе седи со неа во училиште и ќе и помага во совладување на наставниот материјал. На проценка доаѓаат по препорака на училиштето.
Услуги и системи: Кристина е ученичка во IV одделение во ООУ “Гоце Делчев” кое е и најблиското училиште до местото на живеење. Кристина е корисник на посебен додаток согласно Законот за детска заштита. - 2. Животна средина: Според мајката Али живее во куќа со две соби, со родителите, постар брат и помала сестра. Во домот Али ја дели собата со брат му, со кој спијат во ист кревет. Во домот за Али има обезбедено храна, облека и се што е потребно за негов нормален развој. Мајката дава податок дека двајцата родители се вработени.
Поддршка и односи: Најголемата поддршка Али ја добива од мајка му. Најблизок во домот е со брат му, со кого сака да останува. Али неколку години живеел во Германија, каде еднаш неделно работел со логопед. Али игра со децата од училиштето и маалото од кои добро е прифатен. Во моментов Али има образовен асистент кој седи со него на часовите.
Ставови: Ставот на мајката е дека на Али му е потребен образовен асистент кој ќе му помага во совладување на наставните содржини. Поради пандемијата не успеваат да закажат преглед за да му се даде апарат за слушање. На проценка доаѓа по препорака од училиштето.
Услуги и системи: Али е ученик во II одделение во Подрачно ООУ “Мирче Ацев”, кое е и најблиското училиште до неговиот дом. Али во училиште седи со образовен асистент, кој според мајката е пратен од општината. Али со семејството живее во село, каде се преселиле откако купиле нова куќа. Али е корисник на посебен додаток согласно Законот за детска заштита. - 3. Животна средина: Од разговор со мајката се добиваат информации дека Горан со родителите и помалиот брат живеат во куќа со двор, во која имаат опремено детска соба. Од двајцата родители вработен е само таткото. За Горан родителите успеваат да обезбедат се што му е потребно, храна, облека соодветна за возраста, заеднички компјутер со братот. Горан има велосипед.
Поддршка и односи: Најголема поддршка за Горан е неговата мајка. Братот го сака и го прифаќа. Бабите (од двете страни) се поддршка доколку е потребно да се причува Горан. Од врсниците само некои го прифаќаат и би го вклучиле во заедничка активност доколку тој сака. Два пати неделно по 45 минути Горан добива поддршка од специјален едукатор и рахабилитатор (приватно). За време на училишната година училишниот специјален едукатор и рехабилитатор работел со Горан секој ден по еден час.
Ставови: На проценка Горан е испратен од училиштето заради потребата од дополнителна поддршка во образовниот процес. Мајката кажува дека семејството се преселило од село во град заради подобри услови и можности за Горан, да може да добива поддршка и третмани за да напредува. Иако во селото Горан го поминал првото одделение, кога се преселиле во градот родителите одлучиле образованието да го продолжи во истото училиште , иако имаат училиште кое е поблиско до местото на живеење, бидејќи сметале дека има подобри услови и подобар наставен кадар кој ќе го прифати Горан. Горан имал добиено препорака да добие образовен асистент минатата учебна година, но општината не успеала да ја обезбеди поддршката. Затоа мајката одлучила да ја напушти работата и да биде со него за време на часовите. Се случило неколку пати Горан да избега надвор и да го бараат, па затоа мајката сметала дека е неопходно некој да биде постојано покрај него. Специјалниот едукатор од училиштето исто така смета дека е потребно за Горан да се обезбеди поддршка и да се изготви ИОП за да може тој да напредува. Заради безбедност и сигурност мајката кажува дека воопшто не го оставаат Горан сам да оди никаде.
Услуги и системи: Во домот на Горан има достапност до струја, вода, телефон, интернет. Најблиското училиште до местото на живеење на Горан е ОУ „Даме Груев“. - 4. Животна средина: Според мајката Неџмије живее во куќа со три соби, со родителите и сестра која има 13 години. Неџмије ја дели собата со родителите и спие заедно со мајка ѝ. За Неџмије во домот има обезбедено храна, облека и едукативни играчки, за нормален развој. Според мајката во домот Неџмије има пристап до интернет, телевизија и телефон. Мајката дава податок дека и двајцата родители се вработени.
Поддршка и односи: Според мајката Неџмије најголемата поддршка ја добива од мајка ѝ, но исто така е блиска со сестра ѝ. За грижата околу Неџмије помага и баба ѝ од страна на мајката, со која Неџмије често останува. Според мајката Неџмије е прифатена од децата од одделението и од соседството со кои си игра. До пред Корона пандемијата Неџмије работела со логопед. Во моментов работи со училишниот специјален едукатор и рехабилитатор секој ден од 30 минути до 2 часа. Според мајката со Неџмије во училиште седи и образовен асистент.
Ставови: Ставот на мајката е дека на Неџмије ѝ е потребен образовен асистент кој ќе седи со неа на настава и ќе ѝ помага во совладување на наставниот материјал.
Услуги и системи: Неџмије е ученичка во I одделение во ОУ “Климент Охридски”, кое е и најблиското училиште до местото на живеење. Во одделнието на Неџмије според мајката има 14 деца. Во училиштето има специјален едукатор и рехабилитатор. - 5. Животна средина: Според таткото Васил живее во куќа со четири соби, со родителите, една сестра 16 години и брат 15 години. Во домот за Васил има обезбедено соба, во која тој спие сам. Во домот Васил има пристап до интернет, телевизија и телефон. За Васил во домот има обезбедено храна, облека и се што му е потребно за нормален развој. Според таткото, двајцата родители се вработени.
Поддршка и односи: Според таткото Васил најголемата поддршка ја добива од мајка му, со која е и најблизок. Според таткото децата од одделението го прифаќаат Васил и го викаат да игра со нив. Во дворот од куќата Васил има маче и куче кои ги чува и храни.
Ставови: Ставот на таткото е дека на Васил му е потребен образовен асистент кој ќе му помага во пишувањето.
Услуги и системи: Васил е ученик во II одделение во ОУ ”Питу Гули”, кое е и најблиското училиште до домот на Васил. Според таткото во одделението на Васил има околу 10-12 ученици. Во училиштето има специјален едукатор и рехабилитатор. - 6. Животна средина: Од разговор со мајката се добиваат информации дека Ана Марија со родителите и две поголеми сестри (13 и 14 години) живеат во куќа со двор. Мајката е вработена, таткото е невработен. Ана Марија има заедничка детска соба со сестрите, спие со мајката. За неа родителите обезбедуваат храна, облека соодветна за возраста, училишни материјали. Ана Марија има пилатес топка, валјак, компјутер, нејзин мобилен телефон. Ана Марија се вознемирува од гласни звуци. Живее на главна улица каде постојано поминуваат камиони.
Поддршка и односи: Мајката е најголема поддршка за Ана Марија, но и таткото и сестрите се грижат за неа. Бабата (по мајка) е поддршка за Ана Марија доколку има потреба да се почува само на кратко. Врсниците од одделението многу добро ја прифаќаат Ана Марија. Дома имаат три кучиња, маче и зајачиња, за кои Ана Марија се грижи. На училиште Ана Марија добива поддршка од образовен асистент.
Ставови: На проценка Ана Марија е испратена од страна на училиштето заради потрeбата од поддршка. Образовниот процес на Ана Марија и е одложен една година заради хируршка интервенција. Мајката смета дека на Ана Марија и е потребна поддршка при движењето во училиштето, заради безбедност, и при користење на тоалетот во училиштето. Според мајката директорот од училиштето одобрил Ана Марија да го користи тоалетот кој се наоѓа во делот каде се одвива наставата на ученици од прво одделение. Образовниот асистент кој работи со Ана Марија дава поддршка и при движењето во училиштето, и мајката смета дека е добро да продолжи да добива поддршка од истата особа поради тоа што имаат развиено добар однос. Кога имаат работа и потреба да ја остават Ана Марија на преспивање кај баба и таа останува кај неа само со сестрите. Родителите и дозволиле на Ана Марија две кучиња да чува дома заради тоа што таа многу ги сака.
Услуги и системи: Во домот на Ана Марија има достапност до струја, вода, телефон, интернет. Најблиско училиште до местото на живеење на Ана Марија е ОУ„Кирил и Методиј“. Ана Марија е корисник на посебен додаток, согласно Закон за детска заштита. Таа е корисник на стипендија преку Фондацијата за образовни и културни иницијативи. Мајката е корисник на паричен надоместок за трето дете, согласно Закон за социјална заштита. - 7. Животна средина: Кате заедно со родителите живее во куќа со две соби. Мајката дава податок дека Кате спие во соба заедно со родителите, но во одделен кревет. Во домот за Кате има обезбедено облека, храна и се што ѝ е потребно за нормален развој. Исто така во домот Кате има пристап до интернет, телефон и телевизија. Таткото дава податок дека само тој е вработен.
Поддршка и односи: Најголемата поддршка Кате ја добива од татко ѝ, со кого е и најблиска. Поддршка добива и од баба ѝ и дедо ѝ од страна на татко ѝ. Децата од одделението и соседството играат со Кате и според родителите добро ја прифаќаат. Кате има папагал за кој таа се грижи. Родителите даваат податок дека во летниот период Кате работи со специјален рехабилитатор и едукатор, два пати неделно по еден час, кој приватно го плаќаат. Во моментов Кате работи со училишниот специјален едукатор и рехабилитатор.
Ставови: Кате доаѓа на проценка со родителите. Ставот на родителите е дека на Кате ѝ е потребен образовен асистент кој ќе седи со неа на часовите и ќе ѝ помага во учењето.На проценка доаѓа по препорака
Услуги и системи: Кате е ученичка во VI одделение во OОУ “Гоце Делчев” кое е и најблиското училиште до нејзиниот дом. - 8. Животна средина: Бобан заедно со родителите, сестра која е помала од него и има 8 години, баба му и дедо му, живее во куќа со четири соби. За да излезе од домот Бобан треба да се симне по неколку скали. Бидејќи се движи со помош на инвалидска количка, за да излезе од домот му помага татко му. Во домот Бобан ја дели собата со сестра му со која спие, во одделни кревети. За Бобан во домот има обезбедено храна, облека и се што му е потребно за нормален развој. За Бобан се обезбедени и ортопедски помагала: инвалидска количка, корсет и помагало за раката кои ги обезбедуваат преку ФЗОМ. Бобан се движи со инвалидска количка со помош на татко му. Бобан во домот има пристап до интернет, телевизија, телефон, компјутер. Родителите на Бобан се вработени.
Поддршка и односи: Најголема поддршка на Бобан му е татко му. За грижата за Бобан помагаат и баба му и дедо му од страна на татко му. Според таткото децата од училиштето и од маалото добро го прифаќаат Бобан и се дружат со него. Бобан добива поддршка од специјален едукатор и рехабилитатор, кој го плаќаат приватно, два пати неделно по еден час.
Ставови: Ставот на татко му на Бобан е дека на Бобан му е потребен личен асистент кој ќе му помага да се движи низ училиштето и да му помага околу грижата за себе. Ставот на Бобан е дека му е потребна помош од друго лице, личен асистент, кој ќе му помага во непречено извршување на секојдневните активности во училиште.
Услуги и системи: Бобан е ученик во VIII одделение во ООУ “Климент Охридски”, кое е и најблиското училиште до местото на живеење. Во училиште го носи татко му со сопствен автомобил. Одделението во кое учи Бобан секогаш има настава на долниот кат, до кој има пристап за движење со инвалидска количка. Наставата ја одржуваат на долниот кат со цел Бобан да има пристап до училницата со помош на инвалидска количка. Бобан доаѓа на проценка по препорака на училиштето. Корисник е на посебен додаток согласно Законот за детска заштита. - 9. Животна средина: Од разговор со мајката се дознава дека Сашка има два поголеми браќа од кои едниот живее во странство а другиот со сопругата живее во истата куќа со неа и со родителите. Сашка спие со родителите во соба. Родителите, братот и снаата се вработени. За Сашка родителите обезбедуваат се што и е потребно, храна, облека, едукативни материјали. За Сашка имаат обезбедено очила.
Поддршка и односи: Најголема поддршка за Сашка се родителите, но и братот и снаата. Тие кога родителите се со обврски ја чуваат и ја носат на логопедски третмани. Роднини, пријатели и соседи многу добро ја прифаќаат. Во местото на живеење има деца кои ја сакаат, играат со неа. Во училиште Сашка добива поддршка од образовен асистент. Еднаш неделно ја носат на приватни логопедски третмани.
Ставови: На проценка Сашка е испратена од училиште заради потребата да се продолжи правото на образовен асистент. Од прво одделение добивала поддршка од образовен асистент, од кој родителите се многу задоволни и би сакале со истиот таа да продолжи да работи. Исто така родителите се многу задоволни од учителката која го води одделението на Сашка. Ги учи децата да се сакаат и прифаќаат. Во местото на живеење, според мајката нема каде да ја носат Сашка на логопедски третман, затоа одлучиле да ја носат на приватни третмани.
Услуги и системи: Во местото на живеење на Сашка има достапност до струја, вода, телефон, интернет. Најблиско училиште до местото на живеење е подрачно ОУ „невене Георгиева Дуња“. Во училиштето има настава до петто одделение. Сашка е корисник на посебен додаток согласно Законот за детска заштита. Таа е корисник на стипендија преку Фондацијата за образовни и културни иницијативи. Мајката е корисник на паричен надоместок за трето дете согласно Закон. - 10. Животна средина: Според родителите Исидора живее во куќа со две соби, со родителите, тројцата браќа кои се поголеми од неа и една помала сестра. Сите членови на семејството спијат заедно, во една соба. Според мајката во домот за Исидора има обезбедено храна и облека, имаат телевизија. Тоалетот се наоѓа надвор од домот. Родителите на Исидора се невработени. Корисници се на постојана парична помош и додаток за трето дете.
Поддршка и односи: Исидора добива поддршка од мајка ѝ. Блиска е и со браќата и сестрата. Исидора се грижи за најмалата сестра. Игра со децата од одделението и од соседството, кои според мајката, добро ја прифаќаат.
Ставови: Според мајката, на Исидора и е потребен образовен асистент со кој Исидора ќе работи и подобро ќе го совладува материјалот во училиштето. На проценка доаѓаат по препорака на училиштето.
Услуги и системи: Најблиското училиште во селото е ОУ “Ѓорче Петров” во кое е и Исидора ученичка. - 11. Животна средина: Според мајката Игор живее во куќа со три соби со родителите и две сестри, поголема и помала. Во домот за Игор има обезбедено соба, во која спие со сестра му. За Игор во домот има обезбедено храна, облека и се што му е потребно за нормален развој. Во домот Игор има пристап до интернет. Родителите на Игор се вработени.
Поддршка и односи: Најголема поддршка Игор добива од мајка му. Според мајката, децата од одделението и соседството, играат со Игор и добро го прифаќаат. Во дворот од домот, Игор чува две кучиња, за кои според мајката се грижи тој.
Ставови: Игор доаѓа на проценка со мајка му и двете сестри. Ставот на мајката е дека на Игор му е потребна помош при школување, образовен асистент кој ќе му помогне во совладување на училишниот материјал. Според мајката Игор учи во ОУ “29-ти Ноември” бидејќи во ОУ “ЈКочо Рацин” кое е најблиску до домот не сакале да го примат при упис.
Услуги и системи: Игор е ученик во ОУ “29-ти Ноември” кое е одалечено 5 километри од домот. За Игор во домот има обезбедено струја, интернет, телевизија, телефон. - 12. Животна средина: Од разговор со мајката се добиваат информации дека Николај живее во стан на втори спрат со родителите и помалиот брат. Има заедничка детска соба со братот, спие во свој кревет. За Николај родителите обезбедуваат безказеинска и безглутенска храна, облека соодветна за возраста, суплементи. Николај има пилатес топка, стимулативни реквизити, топчиња, тротинет.
Поддршка и односи: Најголема поддршка за Николај е неговата мајка. Двете баби се поддршка доколку е потребно да поседат со него, но само на кратко. Братот го сака, добро го прифаќа. Врсниците од училиштето се добри со него го сакаат и го прифаќаат, би го вклучиле во заеднички активности доколку тој сака. Николај има аквариум со риби на кои им посветува внимание. Специјалниот едукатор и рехабилитатор од училиштето работи со Николај за време на училишната година три пати неделно.
Ставови: На проценка Николај е испратен од страна на училиштето заради потребата од поддршка за време на наставата. Започнувањето на образовниот процес родителите решиле на нивно барање да го одложат за една година. Од прво одделение секоја година мајката седи со Николај за време на часовите. Општината не успеала да обезбеди образовен асистент до сега за него. Мајката кажува дека специјалниот едукатор и рехабилитатор три пати во неделата работи со Николај, но понекогаш и во група со други деца поради тоа што нема време да работи со секој поединечно. Николај многу сака да поминува време надвор, да шета и мајката кажува дека секој ден излегуваат на прошетки покрај реката бидејќи тој многу го сака звукот на реката.
Услуги и системи: Во домот на Николај има достапност до струја, вода, телефон, интернет.
Најблиско училиште до местото на живеење е ОУ „Гоце Делчев“. Училиштето има изготвено ИОП за Николај. Николај е корисник на посебен додаток, согласно Закон за детска заштита.