телесни функции

  • 1. Според офталмологот, Лејла е кратковидно лице. Лејла исто така опишува чудни вкусови во устата откако ги земала лековите за АДХД. Кога слуша многу гласни звуци, Лејла во голема мера трепнува (чувствителност на дразби). Според нејзините родители, тешко дека е можно да се дозира силата на Лејла.

  • 2. На Кристина ѝ била дијагностицирана лесна интелектуална попреченост (IQ 69) од училишниот психолог. Во познати простории, Кристина се движи без помош. Според класниот раководител, вниманието и концентрацијата и меморијата и се во границите на нормалата.

  • 3. Кај Бобан присутно е доцнење во читањето на буквите, а со тоа и на слоговите и зборовите.

  • 4. Ментални функции: Ангел според РПМ постигнува IQ=74. Мести сложени форми од сложувалка надвор од обрачот па ги мести на место така што наоѓа нови начини на решавање на проблеми. Одржува внимание на едукативна задача 15-20 минути. Ангел го разбира говорот, зборува со кратки реченици.

    Сетилни функции: Ангел носи наочари.

    Функции на глас и говор: Ангел дел од гласовите ги изговара во изменета форма,посебно се приметува кај гласовите што се слични по звучност. Говорот е придружен со изменет ритам и темпо.

  • 5. Марко го знае неговото име и имињата на членовите на семејството. Марко артикулира кратки реченици (подмет – прирок). Тој може да мириса, да слушне, да вкуси, да гледа, допира и да каже кога има болка. Според родителот, неговото сеќавање е ограничено на краток временски период.

  • 6. Ментални функции: Божидар прави кула од 5 коцки, ги кажува основните бои, разликува геометриски форми. При задавање тестовен материјал за процена на интелектуалните капацитети ги допира коцките и ги реди во кула на тест Кохс и ги врти страниците на тест РПМ. Влегува во просторијата за проценка заедно со мајката. По неколку минути останува сам со стручните лица. Повремено одговара на поставените прашања, повремено се исклучува. Вниманието понекогаш го насочува кон посочената активност и го одржува неколку минути со постојано водење, понекогаш се исклучува и гледа на страна и покрај повеќе повторувања на прашањето. Кога се вознемирува се удира по лице со десната рака. Повторува по неколку пати фраза или збор кој претходно го кажал. Силни звуци од надвор го вознемируваат и бара да биде затворен прозорот. Разбира едноставни говорни налози. Одговара со еден до два збора (црвен триаголник, ете балон).

    Сетилни функции: Божидар гледа без очила и покрај лесниот страбизам. Артикулацијата на фонемата ж ја менува со з.

    Невромускулни функции: Постои од на широка основа, нестабилно, без придржување оди сам неколку чекори. При одот ја зафрла левата нога. Левострана слабост на мускулатурата на екстремитетите. Мускулна напрегнатост левострана. Вкочанетост на малите зглобови на шаката и стапалото.

  • 7. Јана паѓа на подот до 25 пати на ден. Јана го знае своето име и реагира на тоа. Ги препознава членовите на своето семејство и вработените во градинката. Јана врши нужда во пелена неколку пати на ден.

  • 7.1 Лирија моментално нема никакви епилептични напади. Таа обично изгледа будна, може просторно да се ориентира во однос на времето во нејзиното познато опкружување (само оди во тоалет). Сепак, таа се заморува по неколку минути. Лирија добро се сеќава на она што го научила. Неволните движења на очите (нистагмус) ѝ отежнуваат да се фокусира на слика долго време: за да може да препознае слики или букви, тие треба да бидат многу зголемени. Позата на Лиријагенерално изгледа прилично хипотонична. Таа е деснак.

  • 8. На Весна и требаат повеќе инструкции за да започне нови работи. За нејзиното функционирање се загрижени и родителите. Вниманието на Весна се намалува само по неколку секунди. Содржината за учење мора да и се повтори по неколку пати за да се запомни. Понекогаш на Весна и треба помош за да се ориентира на училиште. Кога ја контактираат, таа е многу често изненадена или „често се губи во стереотипното однесување.

  • 9. Изговорот на Викторија се карактеризира со „пелтечење“. Според класниот раководител, разбирањето на величините и бројките исто така не одговара на она типично за возраста. Според родителите, доколку на Викторија и е досадно, си ги грицка ноктите.

  • 10. Родителите на Јаков го опишуваат нивниот син како крајно педантен: сè мора секогаш да функционира како што е навикнат Јаков. Отстапувањата во секојдневниот семеен и училишен живот многу би го иритирале Јаков.

  • 11. Кратковидоста на Петар беше проценета со тест на очите кај офталмолог. Клинички психолог извршил тест за интелигенција, кој, според наодите, се покажал како просечен.

  • 12. Прстите на Вера често отсечено се префрлаат од хипотонија во хипертонија. Вера често е исклучително напната и раздразлива. Кога стои, ѝ треба помош за да ја одржи рамнотежата и затоа најчесто се задржува за нешто со цел да може безбедно да стои. Вера покажува хипертонични движења, особено кога пишува, мускулниот тонус и е целосно напнат, поради што по кратко време постојано прави кратки паузи од пишувањето за да ги опушти мускулите.Одделенскиот раководител вели дека има многу упорност и волја да ги спроведе своите задачи и планови. Во принцип, Вера изгледа многу внимателна.

  • 13. Роберт има висок моторен немир (речиси континуирано движење на неговите екстремитети) и дома и на училиште.

  • 14. Според неговите родители, Марио има намалена чувствителност на болка. Специјалниот едукатор и рехабилитатор опишува големи недостатоци во областа на вниманието, кои се изразуваат и во прекумерна активност. На час, но и кога ги прави домашните задачи дома, се чини дека расеаноста на Марио е екстремна. Тој зборува гласно на час, родителите исто така опишуваат дека Марио стравува од нови работи.

  • 15. Според родителите и наставниците, на Мартин би му било тешко да ги процени емоциите кај себе или кај другите. Мартин често зборува монотоно. Според наставниците, Мартин често нема мотивација на часовите.

  • 16. Според родителите, коефициентот на интелигенција или будноста на нивниот син сè уште не се проценети. Според родителите, Јован само кратко се задржува на една работа, но според наставникот, Јаков дефинитивно може да слуша. Од посебна едукативна гледна точка, аметропија е присутна поради очилата.

  • 17. Филип може - врз основа на сопствените набљудувања - слободно да оди и да стои. Тој може да слуша и гледа. Кога си игра со своите играчки, процесот на игра може да трае и до 3 часа. Ги препознава и именува буквите од азбуката.

  • 18. Роберт може да ја отвора и затвора устата. Тој делумно може да го контролира протокот на плунка. Роберт може да голта, да цица, да гризе и да џвака. Ја јаде храната од лажицата со усните.

  • 19. Според логопедот, Халиме има потешкотии да ја изговори буквата „р“. Таа формира реченици кои често не се граматички точни. Халиме носи диоптриски очила. Според родителите, оштетувањето на видот на нивната ќерка е многу мало, поради што таа не мора секогаш да ги носи, но докторот ги советувал таа да ги носи очилата што почесто.

  • 20. За време на функционалната проценка, Сузана се задржува на играта само неколку моменти. Сузана се прегрнува со својата мајка и ја нарекува „Мама“. Сузана е будна за време на ситуацијата на испитување.

    Сетилни функции: Сузана може да слуша и исто така да гледа.

    Функции на глас и говор: Сузана произведува индивидуални говорни звуци (поединечни зборови: ајде, мамо види...).

    Метаболизам: Сузана се храни со цевка.

    Невромускулни функции: Според мајката, Сузана може да се лизга додека седи, мускулниот тонус на горните и долните екстремитети е хипертоничен.

  • 21. Според психолошките наоди од 2 април 2019 година, Јулија постигнала резултат од 15 поени на тестот за развој (CPM, Raven 1957) кој ја мери нејазичната интелигенција.

    Според воспитувачот во детската градинка, Јулија речиси секогаш реагира со изрази на незадоволство (се истегнува, вреска) кога не и е дозволено да седи на истото столче во кругот на столчињата.

    Според наодите од логопедот од 17 април 2019 година, кај Јулија е присутен активен речник од 8 зборови.

    Според воспитувачот, Јулија си игра со својата врвка речиси постојано за време на слободното време за игра.

Настани

No events
Октомври 02, 2024

Mainstreaming, dissemination in Turkye

Video documenting mainstreamin, piloting and dissemination activities in Türkiye.
Септември 03, 2024

Реализирана работилница во Скопје

На 30.08.2024 година, Сојузот на специјални едуцатори и рехабилитатори на РСМ организираше работилница во рамките…
Септември 03, 2024

Реализирана работилница за модифицирана програма во Скопје

На 30.08.2024 година, Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ организираше работилница во рамките…
Јули 31, 2024

Успешна интеграција на проектните продукти

Целта на нашиот проект „МКФ-план“, од програмата Еразмус+, беше да се имплементира план за поддршка…
Јули 22, 2024

Средба за интеграција на проектните продукти со претставници на Одделот за социјални работи на Штаерска

На 18 април 2024 година, се одржа состанок за интеграција на проектните продукти со претставници…
Јули 22, 2024

Состанок во Грац на експерти од Молдавија на тема МКФ во трансдисциплинари тимови за рана…

Грац, 22.5.2024: Засегнати страни од различни сектори (здравствен, социјален, и сл.) учествуваа на состанокот поддржан…
Јули 09, 2024

Настан за пилотирање во Скопје

На 11.12.2023 во Домот на културата „Димитар Влахов“ во Општина Гази Баба, одржавме настан на…
Април 08, 2024

Посета на основно училиште во Скопје

За време на престојот во Скопје, со партнерите го посетивме и ООУ „Киро Глигоров“, каде…
Април 08, 2024

Посета на Центарот за функционална проценка во Скопје

Во рамките на сотсановите за проектот во Скопје, членовите на конзорциумот го посетија Центарот за…
Април 08, 2024

Излезе од печат книгата „Планирање, формулирање и проверка на цели за учество: МКФ поедноставена“ од…

Излезе од печат книгата со наслов „Планирање, формулирање и проверка на цели за учество: МКФ…
Април 08, 2024

Четвртиот проектен состанок одржан во Скопје

На 1-ви и 2-ри април 2024 година, во Скопје се одржаа средбите на партнерите во…
Март 13, 2024

Резултатите од проектот претставени на Симпозиум во Охрид

Од 11-13 ноември 2023 година, во организација на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на…
Ноември 22, 2023

Проектот МКФ-план претставен на Симпозиум за инклузивно образование во Охрид

Проектот „МКФ-план“ и неговите алатки беа претставени на Симпозиумот на тема „Ефекти од реформите во…
Ноември 02, 2023

Меѓународна научно-стручна конференција "Образование на лицата со попреченост - актуелни состојби и перспективи" во Скопје

Од 13. до 15.10.2022 година во Скопје во хотелот "Холидеј Ин" се одржа меѓународната научно-стручна…
Септември 25, 2023

Работилница за МКФ во Абу Даби (Др. Претис)

Работилница на тема МКФ се одржа во Абу Даби од 12 до 16 март, 2023…
Март 30, 2023

Работилница за МКФ во Абу Даби

Работилница на тема МКФ се одржа од 12-ти до 16-ти март 2023 година во Абу…
Јануари 25, 2023

Прв состанок на проектниот конзорциум

Првиот состанок на партнерите во проектот се одржа на 3-ти ноември 2022 година во Грац,…
Декември 01, 2022

Поставување на веб-страницата

Веб-страницата е достапна од 1.12.2022. 
Декември 01, 2022

Почеток на проектот

Проектот МКФ-план започна на 1.10.2022.